АМЕНА

Друштво за сметководство и консалтинг АМЕНА од Скопје постои од 1992 година како една од првите компании во Македонија која овозможува услуги во областа на финансискиот консалтинг, даночниот консалтинг и сметководството.

Основна дејност на компанијата е вршење на сметководствени услуги на мали и среди претпријатија.

Покрај вршењето на сметководствените услуги, друштво за сметководство и консалтинг АМЕНА, со успех и посветеност извршува и услуги во областите на деловниот и менаџмент консалтингот во смисол на воспоставување и организација на финансиско-сметководствениот сектор, даночниот и финансискиот консалтинг, воспоставување на процедури во работењето, оптимизација на трошоците и друго.

 

Услуги


 

Експертиза

Нашата компанија нуди широка експертиза и длабоко познавање на сметководството, даноците и локалната законска регулатива, овозможувајќи им на нашите клиенти постојан квалитет и беспрекорна услуга во разни индустрии на малите, средните и големите претпријатија.

Посветени сме на градење на долгорочни релации со клиентите, фокусирајќи се на разбирањето на целите и потребите на клиентот.

Главни бизнис сектори на кој се однесува нашата експертиза се:


  • Производство
  • Трговија на мало и големо
  • Недвижнини
  • Непрофитни организации
  • Технологија и Телекомуникации
  • Транспорт
  • Дистрибуција
  • Забава
 

Контакт

На нашите клиенти им нудиме широк спектар на услуги, помаѓајки им да го достигнат својот потенцијал и да ги остварат своите цели.

Доколку сте заинтересирани да научите нешто повеќе за нашата компанија, имате потреба од нашите услуги, или можеби сакате да дадете коментар или сугестија во врска со нашиот сајт, Ве молиме пополнете ја про-формата за контакт и ние набрзо ќе Ве контактираме.

Ви Благодариме за Вашето време и внимание.



 

АМЕНА

 

Кариера во АМЕНА


Нашата компанија нуди можност за успешна кариера на амбициозни млади луѓе, кои се штотутку завршени или со претходно работно искуство. Нашиот процес на вработување е Ваша можност да ни кажете нешто повеќе за себе, Вашите цели и причината поради која би сакале да работите во АМЕНА.

Ние сме одлично место за работа затоа што ги цениме нашите вработени.

Нашата цел е да создадеме вработени кои ќе бидат задоволни, мотивирани кои можат да напредуваат во нивната кариера. Создаваме атмосфера на взаемно почитување, создавајќи пријатна работна средина каде што ги решаваме сите проблеми.

КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ?

Вашата апликација за работа може да биде поднесена преку e-mail адреса:

АПЛИЦИРАЈ